ЗА НАС
ONE e телекомуникациски оператор во Македонија, првиот оператор во земјата со комплетна понуда на телекомуникациски услуги, член на моќната групација на Телеком Словенија, која е една од најуспешните групации во југоисточна Европа, со свои подружници во Косово, Босна и Херцеговина и Албанија и со 50% сопственост во националниот оператор во Гибралтар, Gibtelеcom.
ONE е новото име на компанијата под коешто од 11 ноември 2009 работат етаблираните телекомуникациски компании Cosmofon и интернет провајдерот Onnet. Со лансирањето на новиот бренд - ONE, внесуваме нешто сосема ново и нешто свежо на телекомуникацискиот пазар од што најголемата придобивка ја имаат нашите корисници.
Ние во ONE сме посветени на креирањето на најдобри и најинвентивни производи и услуги, да бидат достапни секогаш и насекаде со цел да го збогатиме животот со комуникација и забава за сите.
Ја задржуваме досегашната цел - преку својата кориснички ориентирана стратегија, конкурентни понуди и уникатни производи, да ја остваруваме нашата визија - да бидеме синоним за комуникација и забава без граници.
Со досегашната имплементација на најновите телекомуникациски технологии ONE е веќе позициониран како технолошки лидер на локалниот телекомуникациски пазар Со воведувањето на фиксната телефонија внесовме конкуренција во овој телекомуникациски сегмент, а со воведувањето на понуда на 3Г услуги го оправдавме својот имиџ на технолошки лидер и иноватор.
Мрежата на ONE покрива 99,9% од населението и 98,17% од територијата на Република Македонија со квалитетен сигнал. Имаме широка палета на висококвалитетни, лесно достапни и уникатни производи и услуги и широка малопродажна мрежа низ целата земја.
ОNE има 226 роаминг партнери во 105 земји и нуди GPRS роаминг со 64 оператори во 36 земји на сите континенти.
Ние во ОNE цврсто веруваме дека компаниите, како и луѓето, се дел од општеството во кое дејствуваат. Затоа, нашиот придонес за заедницата е сеопфатен и континуоран – им помагаме на ранливите општествени групи и ги следиме нивните потреби, се грижиме за ќивотната средина, редовно поддржуваме бројни социјални и филантропски активности, како и проекти од областа на културата, уметноста, образованието и спортот. Особено сме горди на признанијата и наградите за нашето делување на полето на општествена одговорност што е само потврда за нашите заложби во оваа сфера и мотив повеќе да продолжиме во истата насока.