ОНЕ донира опрема за возила на брза помош во Струга и во Дебар

Скопје, 22 јули, 2010
Од Дебар и Струга започна хуманитарниот караван на ОНЕ со кој осум градови во Македонија ќе добијат медицинска опрема наменета за амбулантните возила на брзата помош.
Со оваа донација ОНЕ сака да помогне во подобрувањето на условите на работа на екипите за брза помош и да обезбеди нивно непречено извршување на работните задачи со цел граѓаните да добијат квалитетна прва медицинска помош.
Сите возила ќе бидат опремени со:
- ултра тенка носилка за транспорт на пациенти
- универзален имобилизатор за глава
- универзален имобилизатор за нозе
- комплет од шест имобилизатори за врат (шанцови кравати) кои пропуштаат рентген зраци и CAT скен
- термален вакуум душек со ABS пумпа и специјална подлога отпорна на временски влијанија што овозможува комплетна фиксација
- комплет за реанимација (амбу со маска)
- држач за инфузиони боци
- живин апарат за притисок
- специјална столица за транспорт на пациенти која се движи по скали
Со овој проект, кој треба да заврши до крајот на оваа година, ОНЕ уште еднаш ја потврдува својата посветеност за делување во општеството како одговорна компанија.